Судија му го побарал дресот на Меси, го казниле

Во Централна и Северна Америка се игра КОНКАКАФ Купот на шампиони меѓу екипи од неколку земји. Интер Мајами, екипата за која настапува Лионел Меси, играше против Спортинг Канзас Сити во средата вечер на страшни минусни температури кои достигнувале и до -17. 

После натпреварот кој Интер Мајами го доби 0-1 со гол токму на најдобриот фудбалер во историјата според многумина, играчите и тренерот на гостите, легендарниот Хавиер Маскерано рекле дека не паметат дека играле на таков студ и дека не е хумано да се игра фудбал по такви услови како тие вечерта во Канзас.

Овој натпревар ќе се памети и по тоа што главниот судија, Марко Антонио Ортиз Нава после мечот отишол до соблекувалната кај Лионел Меси и му го побарал дресот од натпреварот.

КОНКАКАФ набрзо го суспендирал главниот судија поради тоа што го скршил правилникот, а тој рекол дека отишол само да побара автограм за некој близок хендикепиран роднина.

 

„Односот на судијата не соодветствува со Кодексот на однесување на судии од Конфедерацијата и постоечките процедури за ваков тип на барања. Судијата ја сфати грешката, се извини за инцидентот и ја прифати дисциплинската мерка од Конкакаф“, стои во соопштението од конфедерациајта.

Меси мајсториша сам против сите и на -17

21 февруари 2025 - 09:29