Прекршокот беше во 20' минута од дербито Монако - ПСЖ (2:4) па Донарума мораше да го напушти теренот поради страшно-трауматични расекотини на лицето. На негово место влезе резервниот голман Русинот Матвеј Сафонов.
За шокот да биде уште поголем фудбалерот на Монако, 23-годишниот Вилфред Синго не доби ниту жолт картон по страшниот прекршок за кривична пријава над Донарума.
Wilfred Singo should be banned from playing football for at least 6months💔
— Laughing Legends (@LaughingLegend0) December 19, 2024
No way no card was given to this tackle on Gigio Donnarumma.
Lagiga real Madrid Fabrizio romano vaccinationpic.twitter.com/IRPwYJGSSl
Фотографијата од лицето на Донарума ја објави новинарот на француски RMC Sport Артур Перо.
Судијата Франсоа Летексие пред крајот од мечот му даде втор жолт картон на тренерот на Монако Ади Хитер и автоматски црвен но тоа требаше да го стори многу порано со бекот Синго кој го унакажа Донарума по лицето.
После мечот тренерот на ПСЖ Луис Енрике и тренерот на Монако Ади Хитер рекоа дека повредата изгледа страшно но дека Синго сигурно немал намера за такво нешто. „Секогаш има тешки одлуки за пресуда но немаше намера кај повредата на Донарума. Фудбалот е контактен спорт иако е премногу тешко да се гледа (неговото лице)“, рекол Енрике.
Тренерот на Монако му се извинил на Донарума во име на играчот и рекол дека такви нешта за жал се случуваат во фудбалот. „Вилфред Синго сакаше само да го прескокне Донарума, вакви инциденти се дел од фудбалот“.
Што се однесува до самиот натпревар, ПСЖ прв дојде во водство преку младиот 18-годишен Дизаер Дуе во 24' минута, но домаќините израмнија од пенал преку Бен Сегир во 53-та минута, па набрзо направија и целосен пресврт 2-1 преку Емболо во 60-та минута.
ПСЖ заигра подобро во вториот дел и со головите на Усман Дембеле (64', 90+7') и Гонсало Рамос (83') славеше убедлива победа 2-4 и му избега 10 бода на Монако на табелата. ПСЖ е прв со 40 бода, Марсеј и Монако се на второ и трето место со по 30 со тоа што Олимпик има меч помалку.