Уште не е 1 април, така што имаме вест, односно видео за неверување во кое сепак нема никаква лага. Гледаме за жал само 15 секунди од аматерски меч меѓу Витоша Бистрица и Пирин. За овие првите со број 13 се појавува една карпа човек по име Бојко Борисов.
Не е тоа некој играч чие име се совпаѓа со бугарскиот премиер, туку тоа е лично и персонално бугарскиот премиер. И покрај сите тие премиерски обврски кои ја носат таа функција Бојко наоѓа време да игра за Витоша и тоа во првенство.
На резултат 1:1 се мести да изведува слободен удар и на свои 59 години му ја мава на голманот под статива кој рака на срце ептен ја киксна.
2:1 и победа за Витоша благодарение на премиерот кој на многу кул начин ги прими честитките од соиграчите.
Пазете го овој залет. Се кладиме во што сакате дека голманов се има исплашено уште пред да ја шутне гранде Бојко.
👔⚽️ A goalscoring prime-minister? Welcome to Bulgaria! Watch how Bulgaria prime-minister Boyko Borissov scores a free kick for his Vitosha Bistritsa team with the help of an EPIC goalkeeper blunder in Vitosha's 2-1 win over Pirin in the final of a veteran football championship pic.twitter.com/78RyQxV04j
— mshumanov (@shumansko) March 14, 2019
И еден наш премиер играше фудбал на времето, ама направи трансфер во Ференцварош.