Специјален подарок од Луис Суарез за Елмас

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра стандардно за турскиот гигант Фенербахче и е меѓу подобрите во тимот. Во текот на неделата Елмас на Твитер го објави подарокот кој го добил од Луис Суарез, дрес со автограм и посвета, најверојатно благодарение на Мартин Шкртел кој со Уругваецот играше во Ливерпул.

„За Елиф“ (Para Elif) напишал Суарез. 

Елмас синоќа беше стрелец во триумфот на Фенербахче на гости кај Кашимпаша 1:3. Елиф го постигна голот за израмнување:

6 мај 2019 - 09:06