Смешната сторија со фудбалер кој отишол во Иран за да заигра против Кристијано Роналдо

Тиеви Бифума е роден во Франција од конгоански родители. Има 32 години. Во својата кариера играл за многу клубови ширум светот а најпознати се Еспањол, Вест Бромвич Албион, Алмерија, Гранада, Рем и други. Сега со него е поврзана најсмешната приказна на сезоната.

Оваа приказна сигурно ќе биде прогласена за сторија на сезоната.

Во иранскиот фудбал има два истоимени клуба - Ештеглал. Но со голема разлика што едниот е најстар ирански клуб и е од Техеран а другиот е Ештеглал Кузестан од градот Ахваз.

Првиов веќе неколку сезони игра стабилно во азиската Лига на шампиони и таму сезонава после 6 одиграни меча има 5 бода (победа, две нерешени и три порази).

А другиот Ештегал, оној од Аваз игра во домашното првенство и нема врска со азиската Лига на шампиони.

Еден фудбалер од Франција по потекло од Конго, Тиеви Бифума (32) кој играше за повеќе познати европски клубови меѓу кои и Еспањол и Вест Бровмич имал голема желба да заигра против неговиот идол Кристијано Роналдо. Си видел човекот убаво во календар дека дуелот на Ештегал против Ал Наср од Саудиска Арабија ќе биде идеална прилика.

Преку посредници му се понудил на Ештегал како слободен играч да потпише договор со нив, прифатил и поскромни услови и си подале рака. Арно ама тој клуб со кој стапил во контакт бил Ештегал Кузестан, а не Ештегал од Техеран кој играше против Ал Наср на 22-ри октомври против Роналдо.

Ал Наср тогаш славел 0-1 со голот на некогашниот стопер на Манчестер Сити и европски првак на Шпанија Ајмерик Лапорт. Во екипата на Саудијците играле уште и Садио Мане, Марсело Брозовиќ и Отавио...

Тиеви Бифума јунакот на оваа сторија ладно си дошол во хотел во Техеран а од клубот Ештегал Кузестан (помалиот клуб) не можеле долго време да го најдат фудбалерот. Тој во меѓувреме сфатил дека далеку поголемиот и попознат Ештегал Техеран ќе игра против Роналдо ама веќе било доцна...

Бифума во краток период станал најдобар играч на екипата и на 9 настапи веќе има 3 гола и 2 асистенции. За приказната да биде уште понеобична, токму Бифума го решил мечот против Ештегал Техеран со прекрасен гол од слободен удар што бил негов прв гол за новиот тим. Екипата инаку од клупата ја предводи Миодраг „Гроф“ Божовиќ, некогашниот тренер на Црвена Звезда и некои руски клубови.

Ако сега на Тиеви Бифума му се посреќи да го однесе Ештегал Кузестан во Лига на шампиони следната сезона па таму да си ја исполни желбата и конечно да заигра против Кристијано Роналдо.

4 декември 2024 - 15:18