Славата носи жени, ама и братучеди

Во интервју за познатиот бразилски новинар Лучано Хак, Нејмар со пар реченици раскажува неколку куриозитети од кариерата и животот и го објаснува првото чувство кога влегол во соблекувалната на Камп Ноу кај своите идоли.

Тешкотиите при адаптација
 
„Во Шпанија почнав сè од почеток. Тоа што си го направил во Бразил, тука не ти вреди. Треба да докажеш дека вредиш и треба многу да се бориш. Ми беше тешко да се адаптирам, но на крајот сè излезе како што треба благодарение на помошта на моите колеги, на семејството и пријателите. Тоа ми помогна да остана фокусиран“.
Првите импресии во Барселона
 
„Влегувам во соблекувална и на една страна го гледам Меси, се вртам на другата, а таму беа Чави, Иниеста, Пике, Дани Алвеш...Мислев дека сум во некоја видео игра. Претходно играв со нив на игрици, а потоа се најдов во нивно друштво. Првиот месец ми беше многу комплицирано и се срамев да правам муабет со Меси, тие ми беа идоли. Секој меч го гледав како забава и како да ми е последен, не мислев дека следниот викенд ќе има друг натпревар. На тој начин се држев на високо ниво“.
За кам бекот во Бразил
„Сакам да играм во Фламенго бидејќи се сеќавам на еден меч со Сантон кога победивме, нивните навивачи не престанаа да ги бодрат“
Како му се променил животот откако потпишал за Барса
„Кога ќе станеш познат, од секаде се појавуваат жени, ама и братучеди“
За беспарицата
„Навистина ги ценам луѓето кои ми помогнаа тогаш кога ми беше најтешко. Тогаш кога немав пари за копачки. Благодарен сум на сите луѓе кои ми излегоа во пресрет во тие моменти. Имаше многу што ми помогнаа, бидејќи татко ми со парите мораше да купува храна“.
4 јули 2017 - 16:15