Синот на Ван Бомел со два гола го торпедираше Ајакс

Рубен Ван Бомел е 19-годишниот син на познатиот холандски легендарен фудбалер Марк Ван Мобел. Младиот Рубен играл во второлигашот МВВ а од 1-ви јули 2023-та е во АЗ Алкмар. Синоќа со два погодоци бил најзаслужен за триумфот на клубот од Алкмар против Ајакс со кој домашниот тим кој е на четврто место се одлепил на 6 бода од тимот од Амстердам на табелата.

Првиот гол на мечот младиот крилен напаѓач го постигнал во 7’ минута:

Вториот гол во 67-ма минута:

Интересно, професионален фудбалер е и вториот син на Марк, Томас Ван Бомел кој еднаш заиграл заедно со брат му во сениорски фудбал за второлигашот МВВ. Во својата прва сезона во сениорскиот фудбал Рубен Ван Бомел во втора лига имал 15 гола и 5 асистенции. На своето деби сезонава за АЗ Алкмар постигнал гол и имал асистенција против Го Ахед Иглс.

Дедо му е познатиот легендарен тренер Ван Марвејк кој едно време беше и селектор на Холандија и тренер на многу холандски клубови.

„Ова е мојот најдобар меч во кариерата, многу беше важно за нас да победиме. Знам дека татко ми лесно давал голови против Ајакс но не знам дали ова ќе стане семејна традиција. Се надевам дека да“, рекол Рубен чиј татко Марк Ван Бомел беше легенда и капитен на славната генерација на ПСВ Ајндховен.

ВАН МАРВЕЈК НЕМАЛ ПОЈМА ДЕКА ВАН БОМЕЛ ИЗЛЕГУВА СО ЌЕРКА МУ

Интересно, Марк Ван Бомел и тренерот Ван Марвејк првпат се сретнале во 1998-ма кога вториов дошол да ја тренира Фортуна Ситард за која играл младиот Марк.

Таа средба се испоставила и судбоносна затоа што Ван Марвејк го префрлил Ван Бомел од стопер во одбрана во среден ред и овој до крај на кариера играше во средниот ред.

Во меѓувреме Ван Бомел почнал и да се забавува со Андра, ќерката на тренерот. Бер неодамна раскажал интересна анегдота од тоа време.

„Јас не ни приметив. Кога првпат дојде кај нас дома, јас не ни знаев дека доаѓа за Андра. Жена ми стана да отвори врата кога некој заѕвони но јас реков: ’Чекај, јас ќе отворам’. Кога отворив врата го гледам како стои со букет цвеќе во рацете и чоколадо. Го прашав: „Што правиш ти тука“?! Не знаеше што да ми одговори. Следниот ден ги собрав сите играчи во соблекувална и им реков: „Дечки, Ван Бомел од сега ќе живее кај мене“. Никој немаше прашања. Сега можам да кажам дека Ван Бомел е идеален зет“, рекол Ван Марвејк кој ја водеше Холандија како селектор од 2008-ма до 2012-та.

46-годишниот Марк Ван Бомел во кариерата играше за Фортуна Ситард, ПСВ Ајндховен, Барселона, Баерн Минхен и Милан. За репрезентацијата на Холандија играше 12 години и забележа 79 настапи со 10 гола.

Подоцна Ван Бомел по крај на играчката кариера почна да се занимава со тренерска професија па му бил помошник на дедо му Берт Ван Марвајк кој беше селектор на Саудиска Арабија и Австралија.

Од 2018-та Ван Бомел самостојно го водеше ПСВ Ајндховен па потоа и германски Волфсбург. Сега е тренер на белгиски Антверпен.

26 февруари 2024 - 12:38