Во Англија викендов заврши 38. коло и заедно со него вечната сезона 2019/2020 која стана најдолга во историјата, поради глобалната пандемија.
Пред последното коло имаше само 2 интриги: кој ќе влезе во Лига на шампиони, а кој ќе испадне во втора лига - Чемпионшип. Сите останати места на табелата горе-долу беа распределени.
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ДОБИ ЛЕСТЕР НА ГОСТИ И ОБЕЗБЕДИ ЛИГА НА ШАМПИОНИ ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ
За двете преостанати места во ЛШ се бореа Челси, Манчестер Јунајтед и Лестер.
Главниот дуел се играше во Лестер каде тимот на Брендан Роџерс, кој во еден момент имаше дури 14 бодови предност во однос на Манчестер Јунајтед, но во последното коло изгуби од „црвените ѓаволи“ и не се пласираше во Лига на шампиони.
На Лестер му одговараше и реми во случај Вулверхемптон го победеше Челси на гости.
Но чудо не се случи. Манчестер Јунајтед благодарение на 14-от рекорден пенал сезонава (никогаш во Премиер еден клуб не добил толку пенали за сезона) и со првиот гол на Џеси Лингард после декември 2018-та година, славеше со 0-2.
Челси исто победи 2:0 и така Ман. Јунајтед зарши трет на табела, Челси четврт. А тимот на Роџерс ќе оди во Лига Европа иако во еден момент дури и се закани да му пркоси на Ливерпул во борбата за титулата. Лестер играше прекрасен фудбал во првата полусезона, но по рестартот изгуби многу играчи поради повреда и изгуби многу вредни бодови.
ВИЛА СЕ СПАСИ, ВОТФОРД И БОРНМУТ ИСПАДНАА
Во зоната за испаѓање исто беше многу заплеткано: Борнмут беше во практично безизлезна ситуација и можеше да се радува само ако и двата директни конкуренти изгубеа во неделата.
Главните конкуренти им играа против немотивирани домаќини во Лондон: Вотфорд против Арсенал а Астон Вила кај Вест Хем.
Ако „топџиите“ и играа за некаков престиж, на Вест Хем во принцип му беше сеедно зошто се спаси од опстанок на пар кола пред крајот.
Во неделата екипата на Еди Хау славеше убедливо на гости против Евертон 1:3, а во прилог им одеше и тоа што Арсенал чесно си ја заврши работата и со 3:2 го победи Вотфорд (три гола примија гостите во прво полувреме но имаа многу шанси во продолжение).
Астон Вила која минатото лето потроши повеќе од 130 милиони фунти одигра 1:1 со Вест Хем и со тешки маки остана во Премиер лига и не испадна во втора лига.
Натпреварите на лидерите Ливерпул и Манчестер Сити не беа доволно интересни. Ливерпул ја прослави 32. победа сезонава во Премиер лига. Го совлада Њукасл 1:3 на „Сент Џејмс Парк“.
Со ова Ливерпул го израмни рекордот на Сити со 32 победи во една сезона но и сопствениот рекорд (најмногу победи во една сезона во клупската историја).
ЗЛАТНА КОПАЧКА Е ВАРДИ, А ДЕ БРУЈНЕ ЗЛАТЕН АСИСТЕНТ
На мечот Сити - Норич (5:0) имаше два моменти за одбележување. Еден среќен и еден тажен: Кевин Де Брујне ја направи 20-та асистенција во сезоната и се израмни со лудиот рекорд на Анри од 2002/2003 со 20 асистенции. Сега рекордот го држат и двајцата.
Жална вест е што веќе нема да го гледаме волшебникот Давид Силва во дресот на Манчестер Сити каде играше повеќе од 9 години и освои еден куп трофеи.
Пред празни трибини, без навивачи, Силва се прости од клубот со кој ќе доигра во Лига на шампиони.
ВАРДИ Е ЦАР НА СТРЕЛЦИТЕ
33-годишниот Џејми Варди со 23 постигнати гола е најдобар стрелец во Премиер лигата (Варди со 103 гола досега во Премиер лига има повеќе од едни: Ван Нистелрој (95), Бербатов (94), Солскјер (91), Бегкамп (87) и Торес (85). Не постигна гол против Јунајтед но го сочува првото место кое го меркаа и Обамејанг и Дени Ингз (по 22 гола).