Најизненадувачката слика од првото полувреме од мечот меѓу Барселона и Олимпијакос беше моментот кога еден навивач се симна на терен, му пријде на Меси и го гушна.
Уште повеќе изненадувачки беше тоа што ниту еден член на обезбедувањето не се брзаше да го спречи.
Навивачот си замина мирно, среќен и задоволен што можеше да сподели прегратка со ѕвездата на Барселона и потоа се врати на своето место.
За работите да бидат полоши, во второто полувреме истото го стори и друг обожавател на Меси, кој можеби поттикнат од слабото обезбедување успеа да направи и селфи со Меси.
УЕФА не може да ги дозволува овие работи. Комплицирано е да се контролираат илјадници гледачи да не направат некое срање.
Тоа се случува на многу фудбалски натпревари и е тешко да се спречи, но она што не може да се дозволи е пасивното однесување на обезбедувањето на стадионот.
Тоа што се случи синоќа треба да резултира со затворање на стадионот.
Двајцата момци кои успеаа да стигнат до Меси, па дури и да го бацат и гушнат изгледаа на фини.
Проблемот е што можеби еден ден натрапникот нема да има така добри нареми, а тоа ќе предизвика сериозен проблем за дебелите мачки.
УЕФА мора да биде немилосрдна и да се бори против овие случаи. Безбедноста на играчите е на прво место.
Муабетот на угледниот шпански весник скроз им држи вода. Пред три недели на квалификацискиот мундијалски меч меѓу Израел и Шпанија кој се одигра во Ерусалим, шест домашни навивачи се симнаа на терен, а еден од нив се стрча накај Иско со нож во рака. Сите шестмина беа фатени на време.