Шпанија – Италија во финалињата од ЛШ е 5:2

Реал Мадрид е рекордер по број на освоени титули во Лига на шампиони, а Јувентус е рекордер по број на загубени финалиња. Првиве го имаат најдобриот играч во светот според ФИФА, а вториве најдобриот голман на кој му фали овој пехар. Ова финале ќе биде пеколно тешко за прогнозирање.

Финалето во Кардиф на 3 јуни ќе биде 19-та пресметка меѓу титаните на европскиот и светски фудбал. Моќта и силината на нивните актуелни состави е првиот показател дека тоа ќе биде многу неизвесен дуел, а вториот е нивната меѓусебна традиција.

И двете екипи се имаат победено по 8 пати, а две средби завршиле без нерешено. Зборуваме за гиганти со по 32 титули во домашните првенства со таа разлика што според навивачите на Јуве нивниот број изнесува 34.

За Реал Мадрид ова ќе биде 15-то рекордно финале во ЛШ кое во новиот формат го немаат загубено ниту еднаш, инаку во севкупната историја имаат 11 трофеи и 3 загубени финалиња. За разлика од нив Јуве влегува 9-ти пат во финале кое го има добиено само два пати, а загубено 6 пати.

Овие две екипи во финале се сретнале само еднаш, а тоа е во 1998-ма кога кралевите славеа со 1:0. Кристијано Роналдо оди во поход по четвртиот трофеј, а Џиџи Буфон по првиот. Тој ќе биде најстариот играч кој ќе заигра во едно финале на ЛШ.

До 3 јуни сигурно ќе се позанимаваме повторно со статистика за екипите кои потекнуваат од најтрофејните земји со освоени трофеи во ЛШ. Шпанија ја води Италија со 16:12, а во финалињата тој резултат изнесува 5:2. Ова се резултатите и головите од досегашните 7 финални шпанско – италијански пресметки.

РЕАЛ МАДРИДФИОРЕНТИНА 2:0 (1956/1957)

РЕАЛ МАДРИД - МИЛАН 3:2 (1957/1958)

ИНТЕРРЕАЛ МАДРИД 3:1 (1963/1964)

БАРСЕЛОНАСАМПДОРИЈА 1:0 (1991/1992)

МИЛАНБАРСЕЛОНА 4:0 (1994/1995)

РЕАЛ МАДРИДЈУВЕНТУС 1:0 (1997/1998)

БАРСЕЛОНАЈУВЕНТУС 3:1 (2014/2015)

11 мај 2017 - 14:22