Откако бизнисменот од Катар, Насер Ал Калаифи кој не знае колку пари има, го купи ПСЖ во 2011-та година и за 6 години фукна милијарда евра, неговиот успех во Лига на шампиони изгледа вака:
2012/13 елиминација во четвртфинале (Од Барселона)
2013/14 елиминација во четвртфинале (Од Челси)
2014/15 елиминација во четвртфинале (Од Барселона)
2015/16 елиминација во четвртфинале (Од Манчестер Сити)
2016/17 елиминација во осминафинале (Од Барселона)
2017/18 елиминација во осминафинале (Од Реал Мадрид)
Точно е дека секоја година им паѓа некој од најтешките противници, ама ако се голем клуб ајде нека елиминираат друг голем клуб.
ПСЖ четири години по ред ја освојуваше титулата во Франција, ама што вреди кога во најелитното клупско натпреварување со тие пари и моќ не можат да стигнат ни до популфинале.
Коментарите на некои навивачи по поразот од Реал изгледаа вака:
Во Европа има променливи екипи...Реал, Барселона, Баерн се од друга планета. За да бидат на високо ниво, потребна е организација, програма и капацитет. Не се доволни само 400 милиони евра годишно. Во Франција ќе ја освојуваат титулата 10 години по ред, но Лига 1 е на ниво на нашата Серија Б.
„Што разбираат арапите од фудбал“
„Славата не се купува, туку се освојува. Нека одат во ѓаволите и тие и нивните петродолари“.
„Мојот столар со 30.000 лири ќе стигнеше барем еднаш до финале“.
„Со многу помалку ќе можеа да ги купат судиите. Аматери“.
„Не постојат победнички екипи (низ годиниве) без да потрошат многу пари Проблемот е да знаеш како да ги потрошиш, како во периодот кога беше Леонардо“.
Во контекст на ПСЖ и нивните пари, интересна е следнава паралела. Како се зголемувал нивниот буџет, така растела ефикасноста во нападот. Во 2008-ма година имаа буџет помал од 100 милиони евра и 1,5 голови по натпревар. Седум години подоцна буџетот им стигна до 500 милиони, а ефикасноста до 3 гола по натпревар.