Шефилд Венздеј станува прв клуб што ќе брка од стадион за чкарт дресови

Англискиот легендарен клуб од градот Шефилд ќе се бори против пиратерија и фалсификат на груб начин: управата одлучила луѓето со неоригинални дресови да бидат истерувани од стадионот во текот на натпреварите. 

СÈ СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА БРЕНДОТ

Шефилд Венздеј во официјално соопштение соопшти дека е донесена одлука од стадион да биде протеран секој кој ќе носи фалс дрес од екипата.

Тоа велат ќе спречи фалсификат и ќе придонесе на приходите на клубот. Веќе почнале да се пријавуваат фалсификати од разни сајтови, а групите за заштита на брендот работат заедно со надлежните органи за сопирање на трговијата со фалсификувана роба.

„Иако не можеме да ги спречиме навивачите да носат фалсификувани работи надвор од Хилсборо, со почит бараме да не се носат на стадионот. Секој кој носи фалс дрес на Хилсборо ќе биде културно замолен да замине и ќе биде проследен до релевантните страни. Ви благодариме на соработката“.

Во официјалниот фан шоп, женските и машки дресови со кратки ракави, стандардни, може да се најдат за 69 фунти, а со долги ракави за 77 фунти.

ПРАШАЊЕТО СЕ ПОТЕГНАЛО ПРЕД ЕУРО 2024 ПОРАДИ ФАЛС ДРЕСОВИ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АНГЛИЈА

Во јуни Англичаните официјално ја претставија новата гарнитура која се носеше на Еуро 2024, но на многумина им се видела прескапа цената од 85 фунти (детската опрема била за 20 фунти поевтина). Во одговор на ова навивачите на Англија си купувале дресови од тезги кои биле далеку подостапни.

Навивачите и јавно се бунеле против прескапите дресови. Тој вели дека за сите негови четири деца купил дресови на друго место кои го чинеле само 11 фунти.

„Ако ги продаваа (оригиналните дресови) по разумна цена, јас 100% ќе купев оригинал. Но оваа цена е просто грабеж! Ми тргна од рака да можам да си купам копији. Некои луѓе денес за жал тешко можат дури и нив да си ги приуштат зошто имаат многу малку пари“, рекол извесен Ден во разговор за БиБиСи.

Британскиот сервис правел споредба на растот на цена и вредноста на дресовите од пред 22 години за Светското 2002. Во тој момент машкиот оригинален дрес од Англија чинел 40 фунти, односно 18,6% поевтин од актуелната цена. Тогашните 40 фунти би биле како денес 71,65 фунти што е повторно далеку од 85 фунти.

Истовремено квалитетот на фалсификатот расте: секоја година е потешко и потешко да се разликува од оригиналот. Побарувачката на фалсификат дресовите е најголема на сите времиња а некои заработуваат дури и до 1.000 фунти неделно. И нема никаков знак за опаѓање иако и официјалните верзии се продаваат добро.

„Фудбалските дресови се толку популарни што производителите фактички високите цени ги вадат од ракав. Луѓето ќе платат за тоа зошто сакаат да бидат видени во најдобрите нешта. Денес готово да нема граница на тоа, а децата им вршат притисок на родителите зошто сакаат да имаат се по последна мода. Моментално главна новост очигледно е модерен фудбалски дрес“, вели Себ Вајт, уредник на магазинот Мундијал.

16 август 2024 - 09:43