Сеута - необичен шпански фудбалски клуб во северна Африка

Сеута е шпански клуб од истоимениот град кој се наоѓа на брегот на северна Африка на граница со Мароко. Овој град е познат како граница меѓу Медитеранот и Атлантскиот океан а многу често тука проаѓаат мигранти од северна Африка на пат кон Европа. Фудбалскиот клуб е второлигаш а најмногу ги радува локалните мештани кога во Кралскиот Куп на Шпанија ќе падне со Реал, Барселона или некој друг гигант.

Овој клуб никогаш не играл во првата шпанска Ла Лига и најчесто е меѓу втора, трета и четврта лига. Во сезоната 2022/2023 стигнаа дури до осминафинале на шпанскиот Кралски Куп а таму испаднаа од Барселона.

Градот Сеута има 85.000 жители а под закрила на Шпанија е од 1580-та година иако Мароко не ја признава оваа територија како шпанска. Во Сеута има голема муслиманска и христијанска заедница и помали еврејски и хинду заедници. Во градот е мирно и луѓето уживаат хармонично во Медитеранскиот вкус и мирис.

Кога големите екипи од Шпанија гостуваат тука, најчесто патуваат со авион до Малага и после со хеликоптери се префрлаат до Сеута. На пример Барселона во таа 2023-та година за средбата од Купот требала да пропатува 13 часа.

Слично е и со градот-енклава Мелила, уште едно шпанско градче во северна Африка против чија екипа играше Реал Мадрид во Кралскиот Куп на Шпанија во 2018. Мелила и Реал Мадрид тогаш морале да патуваат по 11-12 часа и тоа со: траект, автобус и авион. Реал првиот меч го доби 0-4 на Мелила а реваншот 6-1 на Бернабеу.

Сеута игра на своето стадионче „Естадио Алфонсо Мурубе“ кој има капацитет од 6.500 гледачи.

„ШЕФЕ МОЖЕ ЛИ ДА БИДАМ МАСКОТА“

Пред година ипол дена, извесен Хуанми Армуња, навивач на Сеута отишол кај претседателот на клубот кој во 2003-та година бил учесник на шпанското шоу „Голем брат“, и го прашал дали може да биде маскота на екипата.

Првиот човек на клубот му дал дозвола, а еве веќе речиси две години маскотата Кабалати е постојано со екипата кога игра на домашен терен. Сезонава додуше не им почна нималку добро, имаат три порази на три натпревари и гол разлика 0:8 во втората шпанска лига Сегунда.

НИВЕН ИГРАЧ СТИГНА ДО ЛА ЛИГА И ПРЕМИЕР ЛИГА

Пред две години Сеута на нисколигашот Морело му платила за Кристантус Уче 800 евра. Кога дошол во Сеута, Нигериецот го покажал сиот свој раскошен талент и го заинтересирал прволигашот Хетафе кој набрзо го купил.

Во првата сезона во Ла Лига Уче имал 4 гола и 6 асистенции а добил и повик за репрезентацијата на Нигерија.

Сега летово Кристал Палас го доведе Уче од Хетафе во позајмица со право на откуп, вредна 20 милиони евра!

Хетафе претходно го платил 22-годишен фудбалер од среден ред 500.000 евра колку што добила Сеута, а сега заработил 40 пати повеќе од трансферот во Кристал Палас!

3 септември 2025 - 09:50