Принцот-наследник на Саудиска Арабија решил да го прифати предизвикот од соседите од Катар и Обединети Арапски Емирати кои се сопственици на ПСЖ и Манчестер Сити.
Мухамед ибн Салман е човекот кој го гледаше отворањето на Светското првенство 2018 заедно со Владимир Путин и претседателот на ФИФА Џани Инфантино.
Принцот обожава фудбал и го развива во Саудиска Арабија која го отвори Мундијалот против Русија летово. Пролетта годинава тој презентирал пакет фудбалски реформи а претходно ги покрил големите надворешни долгови на арапските клубови со околу 340 милиони долари.
Кој е Мохамед Бин Салман?
Бин Салман е принц на Саудиска Арабија - втора најважна позиција во земјата по Кралот.
Тој е син на Кралот Салман но во реалноста е најважна и највлијателна личност во Кралството Саудиска Арабија со оглед на тоа што татко му боледува од Алцхајмер.
Бин Салман стана принц-наследник во летото 2017 по битката за превласт со роднината Мохамед Бин Најеф кој првично беше именуван за принц-наследник но подоцна беше сменет од сите позиции.
****
Семејството Глејзер владее со Манчестер Јунајтед од 2005 година. Во 2012-та дел од акциите на Манчестер станале достапи на Њујоршката берза а основниот пакет го купиле четири инвестициски фондови но шесте деца на Малколм Глејзер го контролираат клубот затоа што имаат 97% од правата на одлуки.
А до сега семејството Глејзерови секогаш одбиваше да го продаде клубот.
За време на нивното владеење, приходите на Јунајтед пораснаа до рекордни висини а семејството остварило заработка од повеќе од милијарда долари поради што голем дел навивачи на Манчестер протестираат против нив.
Овие навивачи ќе ги препознаете по жолто-зелените шалови, дресови и разни реквизите на кои пишува Њутон Хит (така се викал клубот при основањето), па до создавањето на Јунајтед оф Манчестер кој сега одвоено игра во 6-та лига предводен од старите навивачи на Јунајтед пред Глејзерови.
Во 2005 година купувањето на Манчестер Јунајтед ги чинело Глејзерови околу 790 милиони фунти, а вредноста на клубот во моментов изнесува 3 милијарди долари - сума која би требало да ја плати Мухамед ибн Салман Ал Сауд ако сака да стане газда на славниот Јунајтед.
Звучи непристојно, но дури и оваа сума не може да му го замати умот на Саудискиот принц кој во купувањето глобален фудбалски бренд гледа сериозен чекор во ривалството со другите земји од Персискиот залив.
Интересно е што Јунајтед веќе станал стратешки партнер на министерството за спорт на Саудиска Арабија. „Црвените ѓаволи“ помагаат за популаризација на фудбалот во оваа земја во рамки на програмата „Saudi Vision 2030“, создадена од принцот-наследник за разновиден развој и намалување на нафто-зависноста.
Освен тоа Јунајтед веќе неколку години соработува со компанијата Saudi Telecom а навивачката база на Јунајтед се проценува на 5 милиони луѓе.
Ова не е прв случај кога Манчестер може да смета на инвестиции од Саудиска Арабија. Уште во 1987 година англиските весници пишувале за посета на арапскиот принц, 15-годишниот Абдулазиз:
Proposed takeover of MUFC by Saudi prince: https://t.co/vA58vqbAHk Well, it's not the first time MUFC have courted investment from Saudi Arabia of course. Here's a cutting from 1987 pic.twitter.com/Tt1E8ZtVQL
— Gary James (@GaryJamesWriter) October 15, 2018
Други англиски медиуми се повикуваат на свои извори кои велат дека Манчестер Јунајтед уште нема да се продава. Особено не сега кога е актуелна страшната епизода со новинарот Џамал Хашеги кој бил убиен по влегувањето во амбасадата на Саудиска Арабија во Турција.
Тој се преселил во САД по апсењето на неколку негови другари, јавно и редовно го критикувал владеењето на арапските власти и непосредно на Мухамед ибн Салман Ал Сауд кој е вице-премиер и министер за одбрана.
Турската полиција смета дека новинарот првин бил испрашуван а потоа и убиен од специјалните служби на Саудиска Арабија. Ако и некаква инвестиција се случи, тоа може да биде зделка меѓу членовите на семејството на принцот-наследник или компаниите кои се во државна сопственост.
Според експертите најверојатно е Глејзерови да добијат понуда од државен инвестиционен фонд кој има контролен пакет-акции и во Saudi Telecom. Саудиска Арабија веќе инвестираше во глобални брендови како Tesla и Uber, потпиша долгорочни договори со WWE и Formula E. Манчестер Јунајтед може да стане најголем бренд меѓу нивните сопствености.
Едноставно кажано, во моментов владее ерата на милијардерите кои ги откупија милионерите но сега се јавуваат трилионери кои ќе ги откупат милијардерите.