Руни за дечкото со косата: „Би го фрлил негде на крај од земјава, ми досади“

Младиот навивач на Манчестер Јунајтед Франк Илет стигна до 1 милион и 200.000 следбеници на Инстаграм. Лани тој стана познат откако се појави видео на кое тој со долга, пуштена коса рече дека нема да се шиша сè додека Манчестер Јунајтед не победи 5 натпревари по ред. Стигнаа до 4 триумфи во серија во Премиер лига и синоќа пред дуелот против Вест Хем беше спремен за бербер и машинка. Ама Јунајтед едвај извади 1:1 во 90+4' минута до дуелот.

Со денови се зборуваше за косата на Илет и дали конечно ќе се ишиша. Сите медиуми пишуваа за тоа насекаде, а дури и новинар го праша тренерот на Манчестер Јунајтед Мајкл Карик за случајот со косата на што овој одговори дека дознал од децата за тоа ама дека сега има поважни работи со екипата.

Вејн Руни синоќа во емисија во која гостин беше и Сем Алардајс на ова прашање фрустрирано одговори: „Би го однел неде на друг крај од земјава, ми ја пукна главата. Ние зборуваме овде за Мајкл Карик и Манчестер Јунајтед како се обидуваат да ја забележат 5-та победа по ред а цела работа е околу овој дечко“.

Вест Хем водеше 1-0 против Манчестер Јунајтед од 24' минута сè до 90+4' кога гостите израмнија на 1-1:

 

11 февруари 2026 - 09:56