Роналдо на -20 во вода во Финска

Кристијано Роналдо ужива со семејството во посета на местото кое се смета за седиште на Дедо Мраз. Во Лапонија, во најсеверниот дел од студената Финска, Португалецот покажа во каква врвна форма се наоѓа и на неколку недели пред неговиот 40-ти роденден.

Роналдо сезонава има 16 гола на 19 натпревари за Ал Наср кој е четврти на табела со 11 поени помалку од лидерот Ал Итихад. Таму во Саудиска Арабија во моментов е пауза се до 9-ти јануари.

25 декември 2024 - 11:22