Роџерс не треба да работи, ќе зема плата и по отказот

Ирскиот стручњак во Ливерпул заработуваше 6,5 милиони евра годишно, а тоа ќе го прави и во наредните две години со таа разлика што сега не мора ништо да прави.

Според пишувањата на англиските медиуми, Брендан Роџерс со Ливерпул имал договор до 2018 година и поради предвременото раскинување, Црвените ќе мора да му исплатат уште 13 милиони евра.

Оваа сезона Ливерпул под негово водство победи на само четири од 11 натпревари, вклучувајќи го и триумфот на пенали против четвртолигашот Карлајл на домашен терен во Лига купот.

42 годишниот стратег седна на клупата на Ливерпул во јуни 2012-та, а најблиску до титулата беше во сезоната 2013/2014 кога заврши втор. Во другите две сезони неговиот тим заврши на седмата и шестата позиција во Премиер лигата. Сега Ливерпул има 12 бода и е на 10-то место. 

За време на неговиот престој клубот за засилувања потроши околу 300 милиони фунти, а ова лето на Енфилд Роуд дојдоа Кристијан Бентеке, Дени Ингс, Роберто Фирмино, Натаниел Клајн and Џо Гомез. 

Роџерс е првиот тренер на Ливерпул од 50-те години кој не успеал да освои ниту еден трофеј во првите три сезони. Најголем кандидат за негов наследник е Јирген Клоп кој по повлекувањето од Борусија Дортмунд минатата сезона е без ангажман.

По отпуштањето на Брендон Роџерс навивачите распалија на социјалните мрежи, но пишуваа на погрешна адреса, односно на неговиот истоименик кој е бејзбол играч во Америка.

Дечкото проба да се објасни кој е

Ама навивачите продолжија по старо

6 октомври 2015 - 12:44