Ривер Плејт реши да ги отвори вратите на стадионот Монументал за да ги смести сите луѓе во Буенос Аирес кои немаат покрив на глава.
Људскиот потег следува откако прогнозите покажале дека ова им се едни од најладните денови во годината. Во четврток изутрина температурата паднала до 3, а во петок ќе се спушти до 2 степени.
Влезот за бездомниците бил достапен вчера од 18 часот, а клубот освен тоа за луѓето донирал јакни и ќебиња.
„На 3-ти изутрина ќе биде измерена една од најниските температури. Од 18:00 часот се до четврток изутрина ќе примаме донации за сите луѓе кои живеат по улици“, стои во пораката на Твитер која се раширила на социјалните мрежи.
Mañana se registrarán las temperaturas más bajas!
— Juan Carr (@HambreCero) July 2, 2019
Desde las 18 horas del miércoles en River Plate,
durante toda la noche hasta la mañana del jueves,
se reciben frazadas y abrigo.
Acompañando a las personas en situación de calle.@RedSolidariaOK pic.twitter.com/PZP1WnZBfj
Почнувајќи од викендот што следува, температурите во Буенос Аирес ќе почнат да растат.