Ремек делото на Елиф Елмас, најубав гол на вечерта
Македонската фудбалска репрезентација игра како во транс против Украина во вториот меч од квалификациите за Евро2024. Енис Барди од пенал го отвори резултатот во 31' минута, а Елиф Елмас само осум минути подоцна направи мајсторија која долго ќе се врти.