Регионална фудбалска лига како единствен излез од тунелот

Носителот на идејата за регионална лига вели дека тaа би било комерцијално примамливa, медиумски атрактивнa и натпреварувачки возбудливa, а победникот би се пласирал директно во Лига на шампиони.

Пикси и Панчев како капитени на Ѕвезда и Вардар во 1987-ма

Комесарот за натпреварување при ФФМ, Васко Дојчиновски ја има идејата за формирање на Регионална лига за која се зборува и пишува со години, а целта е јасна. Повторно да гледаме квалитетен и возбудлив фудбал со Вардар, Партизан, Ѕвезда, Динамо, Хајдук како на времето и да се врати публиката на стадионите која не оди бидејќи националните лиги кај нас и кај нашите се соседи се бедни.

Прашањето за формирањето на регионалната лига периодов повторно се актуализираше, а Дојчиновски за Mondo.rs објасни неколку работи:

„Регионалната лига е неминовност и решение за сите наши проблеми во последните две децении. Мојата формула се состои од 13 земји. Покрај тие од поранешна СФРЈ би играле и клубови од опкружувањето. Ќе го видиме фудбалскиот ентузијазам на Балканот, група од близу 200 милиони луѓе. Комерцијално примамливо, медиумски атрактивно и натпреварувачки возбудливо. Мамец за спонзори“.

УЕФА испрати сигнал дека е заинтересирана и дека за стар нуди 3 милиони евра буџет.

Што би добил победникот?

„Шампионот би имал директен пласман во Лига на шампиони, а второпласираниот учество во плеј-офот. Ако биде елиминиран оди во директно во Лига Европа“

Велимир Зајец и Кочо Димитровски како капитени на Динамо и Вардар

Има ли интерес?

„Само од две земји не добив потврда. Грците ми се потполно нејасни и единствени кои ништо не одговорија. Турците се сложуваат, но имаат проблем со термините. Реално тоа се единствени кои имаат право да се надеваат на европска пролет. Плус играат и национален и Лига Куп. Сите други беа јасни и сакаат што поскоро Регионална лига, проект од кој сите би имале корист и спортски и финансиски“.

Која е суштината?

„Суштината е сите клубови кои во било кој момент од сезоната испаднат од Европа, да продолжат со силни мечеви на меѓународна сцена. Анализирајќи ги последните три сезони, бројката варира. Екипите од овој регион најмногу ги завршуваат учествата во квалификации. Ретко кој во групна фаза. Зошто до крај би биле осудени на дуели на локално ниво“?

Каков би бил форматот?

„Мојата формула подразбира групна фаза исто како Лига шампиони и Лига Европа. Дури и термините би се поклопувале. Вторник, среда и четврток, иако слушам дека постојат и други идеи“.

Чии се тие идеи?

„Челници од поранешните југословенски републики имаат се почесто состаноци на таа тема. Последните беа во Москва пред месец и пол. Дури и Русите би се приклучиле. Лично не учествувам во тие разговори, но редовно добивам информации“.

Според информациите кои пристигнуваат од таму, бројот на учесници би се намалил и би бил со земји само од СФРЈ, а нивната идеја не е иста со онаа која ја предлага претставникот на ФФМ.

„Натпреварување е поинакво и нема врска со мојата идеја. Би се играло во нокаут систем во пролетни термин од февруари до мај. Не ми е јасно, календарот се згуснат, играат репрезентации. Веројатно знаат што прават“.

Дојчиновски се надева дека промените во УЕФА нема да влијаат негативно врз идејата за Регионална лига.

„Словенецот Чеферин кој е кандидат за претседател на УЕФА е секако за формирање на Регионална лига. Ме радува податокот што 11 сојузи беа воодушевени од предлогот. Одговорија буквално пола час после испратените мејлови. 11 од 13, а тоа ми дава надеж. Верувам дека проектот ќе заживее без разлика од резултатите за нов претседател на УЕФА. Ќе им биде во интерес да заживее фудбалот во регион на кога некогаш се играч врвен фудбал“, вели Васко Дојчиновски во интервјуто за Mondo.rs.

1 август 2016 - 13:25