Фудбалерот на Манчестер Сити објасни дека сакал да му испрати порака на новинарот на весникот Л'Екип, кој во неделата во најавата пред натпреварот имал забелешка на моменталната форма на Насри и притоа го поставил прашањето до кога треба да се чека тој да почне да игра онака како што од него се очекува.
Насри очигледно дека е влезен во војна со новинарите бидејќи не сакал да дава изјави по напуштањето на стадионот.
Новинарите реагирале кон него и барале објаснување зошто не сака да одговора на прашања бидејќи го чекале два часа, а Насри само одговорил: "Јас не барав од вас да ме чекате".
Известувачите од натпреварот побарале реакција од селекторот Блан, но тој кусо одговорил дека секој фудбалер го бира начинот на кој ќе го прослави постигнатиот гол и дека нема намера да го коментира потегот на Насри.