После 24 сезони, иконата на Бетис завршува со фудбалот

На 41 година (на 21-ви јули ќе полни 42), легендарниот шпански фудбалер Жоакин реши да стави крај на богатата фудбалска кариера. Тој е дете на Бетис каде е од 1997-ма година. Играше уште и за Валенсија, Малага и Фиорентина, но засекогаш срцето му беше на „Бенито Виља Марин“ во Андалузија. За шпанската репрезентација одигра 51 меч и даде 4 гола.

Жоакин му помогна на Бетис да ги освои пехарите во шпанскиот Кралски Куп во 2005 и 2022. За зелено-белите одигра 521 натпревар во два мандати и постигна 68 гола. Во кариерата настапи на преку 800 меча во разни клубови а играше на две Светски првенства 2002 и 2006.

„Сакам да ви кажам дека ми дојде времето... Времето да ви кажам дека ова е моја последна сезона како фудбалер на Бетис“.

20 април 2023 - 13:07