Во Шпанија голманите можат да бранат само под три броја на дресот - 1, 13 и 25. Ова е запишано во прописите. Во Барселона например Тер Штеген бранеше под број 1, а Жоан Гарсија ја носи 13-та. На клупа трет резервен голман на Каталонците е Воичех Шчесни кој има број 25 на дресот.
А во Жирона сите голмански броеви се зафатени. Единицата е за хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, 13-та ја носи Пауло Газанига а 25-та му припаѓа на 20-годишниот Украинец Владислав Крапивцов.
Сега Жирона бара солуција како да го реши проблемот. Новинарот Нил Сола од Мундо Депортиво пишува дека клубот од Каталонија би платил голема казна доколку го извади од списокот пример бројот на Ливаковиќ кој е позајмен од Фенербахче.
Се додека Жирона не ослободи една од трите голмански бројки на дресот, Тер Штеген не може да брани.
Затоа сега клубот води преговори за раскин на позајмицата на Ливаковиќ, затоа што тој не брани стандардно и е во конфликт со тренерот Мичел Санчез. Но Фенербахче се против на раскин на позајмицата и бара целосен откуп на договорот од каталонскиот клуб. Динамо Загреб се јавил како заинтересирана страна за позајмица на својот голман кој се прослави кај нив, но турскиот клуб одбива разговори за позајмица.