Победникот на „Златната топка“ никогаш не се радува на Мундијалите

Овој непријатен податок е жива вистина и сигурно нема да им се допадне на Роналдо, Меси и Рибери кои влегоа во финалната трка за најдобар играч за 2013 година според ФИФА.

Истражувањето кое изгледа доста занимливо го направи аргентинскиот дневен весник „La Тercera", но тоа воопшто не им оди во прилог на големите играчи кои секогаш се стремат за пехар.

Историјата покажува дека фудбалерите кои во изборот на ФИФА ја подигнувале „Златната топка" за најдобар играч на светот, на следното Светско фудбалско првенство никогаш не го кренале златниот пехар.

Но ова важи за еден или двајца играчи, туку за сите досегашни освојувачи на најпрестижната награда за најдобар играч на годината, уште откако е воведено како признание од Светската куќа на фудбалот во 1956 година.

Се работи за легенди во фудбалот кои заслужено биле прогласувани за најдобри, но потоа следната година од Светските првенства си заминувале со спуштени главни, а некои дури и не учествувале. Ако не верувате, ајде да одиме со ред.

1957 – Алфдеро Ди Стефано (Шпанија). Не учествува на СП 1958 во Швајцарија, каде првак беше Бразил.

1961 – Омар Сивори (Италија). Неговата селекција е елиминирана во групната фаза од домаќинот Чиле на СП 1962.

1965 – Еузебио (Португалија). Португалците одиграа фантастично, но завршија на трето место, а Мундијалот во 1966 го освои домаќинот Англија.

1969 – Џани Ривера (Италија). Италијанците во четвртфиналето го победија домаќинот Мексико со 4:1, во полуфинале во продолженијата славеа над Западна Германија со 4:3, но во финалето во 1970 беа декласирани од Бразил со 4:1.

1973 – Јохан Кројф (Холандија). Тоа беше време во кое холандскиот фудбал беше во подем, но на финалниот меч од Мундијалот против Германија во 1974 година, се радуваа домаќините со конечни 2:1.

1977 – Алан Симонсен (Данска). Неговата селекција не обезбеди пласман на Мундијалот во Аргентина во 1978 година кој го освои токму оваа нација.

1981 – Карл Хајнц (Германија). Светскиот собир во 1982 се играше во Шпанија, а победник беше Италија која во финалето беше подобра од селекцијата на Германија.

1985 – Мишел Платини (Франција). На Светското во Мексико еден од главните фаворити беа Французите, но тие завршија трети, а светски првак беа домаќините предводени од Марадона кои славеа во финалето над Германија.

1989 – Марко Ван Бастен (Холандија). На Светското првенство во Италија 1990 Холанѓаните беа меѓу најсилните селекции, но златото им припадна на Германците кои славеа над Аргентина.

1993 – Роберто Баџо (Италија). Пенал рулетот беше пресуден за италијанската репрезентација во финалто против Бразил во САД 1994, а решавачкиот удар од белата точка беше кобен токму за најдобриот фудбалер на светот според ФИФА.

1997 – Роналдо (Бразил). Славниот „Ил феномено" не се радуваше во големото финале кое му припадна на домаќинот Франција предводен од маестралниот Зидан.

2001 – Мајкл Овен (Англија). Светското во 2002 се играше во Јужна Кореја и Јапонија, освојувач беше Бразил, а Англија испадна уште во четвртфиналето.

2005 – Роналдињо (Бразил). Светски шампион во Германија 2006 беше Италија, додека Бразилците беа елиминирани во четвртфиналната фаза.

2009 Лионел Меси (Аргентина). Со четвртфинале мораше да се задоволи и Аргентина, а првак во Јужна Африка беше Шпанија.

На Меси не му е толку зорт за „Златната топка" затоа што ја освои четири пати, па ако овој историски податок е судбина, нека стиска палци да не ја добие пакм доколку сака догодина златен пехар во Бразил.

Како и да за следниот Мундијал добивме интересна приказна за следење која за најдобрите играчи на планетата секогаш претставувала проклетство. Еден од Меси, Роналдо и Рибери ќе има шанса да и стави крај.

14 декември 2013 - 21:29