Одиме со ред:
20 ноември. Еквадор на отворањето го победи домаќинот Катар со 0:2. Првиот гол на Светското, Еквадорците го посветија на поранешниот центарфор на репрезентацијата, Кристијан Бенитез кој во 2013-та година почина токму во Катар каде играше клупски фудбал.
22 ноември. Радост на дански навивач кој со восхит држи една од ракавиците која му ја подарил данскиот голман Каспер Шмајхел.
23 ноември. Кај Хаверц на клупа за резерви стои и набљудува како Германија сензационално загуби од Јапонија
24 ноември. Ришарлисон го постигна најубавиот гол на цело Светско, на мечот со Србија (2:0).
24 ноември. Радоста на Кристијано Роналдо по голот против Гана. Во позадина знаме со ликот на Лео.
27 ноември. Јапонија и Костарика одиграа извонреден меч, со многу дуели. Еден таков беше меѓу Итакура и Жоел Кембел.
28 ноември. Солзи на навивач на Јужна Кореја која загуби од Гана
30 ноември. Франција загуби од Тунис во последното трето коло од групна фаза и тоа беше едно од најголемите изненадувања на турнирот, иако Французите веќе обезбедија пласман понатаму.
1 декември. Милиметрите кои кренаа огромна бура. Јапонија израмни со Шпанија после контроверзна акција во која топката едвај беше во поле. Германија испадна после ремито на Шпанците со Јапонците. Каора Митома беше автор на овој момент.
1/8 финале. САД - Холандија. Разочараниот капитен на САД Тајлер Адамс на терен после поразот од „лалињата“ кои отидоа во следна фаза.
1/8 финале. Аргентина - Австралија. Лео Меси влегува на терен на натпреварот кој го реши со гол и асистенција.
1/8 финале. Франција - Полска. Супер брзиот Килијан Мбапе како стрела му бегаше на Мети Кеш. Французите се пласираа во следна рунда.
На овој меч блескаше и Оливие Жиру
1/8 финале. Англија - Сенегал. Радост на Џордан Хендерсон и Џуд Белингем после еден од головите на Англија (3:0) за карта за следна фаза.
1/8 финале. Јапонија - Хрватска. Такуми Минамино беше немоќен пред хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ во пенал серијата.
1/8 финале. Јапонија - Хрватска. Јапонците изгубија на пенали а нивните навивачи не можеа да се помират зошто Јапонија беше многу близу до победа.
Капитенот на Јапонија Мај Јошида плачеше на прес-конференцијата после поразот, свесен дека за него ова е можеби последно Светско првенство.
1/8 финале. Бразил ја згроми Јужна Кореја со 6:1, фати залет, а на овој меч со танц го прославуваа секој гол. Винисиус, Рафиња, Пакета и Нејмар.
Најдобриот фудбалер на Јужна Кореја, Сон Мин од Тотенхем ја соблече заштитната маска со која играше во текот на цел Мундијал.
1/8 финале. Мароко - Шпанија. Ашраф Хакими во дуел со Дани Олмо. Мароканците тука го направија првото најголемо изненадување откако го урнаа големиот фаворит.
Секунди по решавачкиот пенал кога Мароканците тргнаа да слават сензација со голманот Буну. Шпанците веќе второ Светско првенство не можеа да прескокнат 1/8 финале.
1/8 финале. Португалија - Швајцарија. Фернандо Сантош го остави на клупа за резерви Кристијано Роналдо па подоцна го пушти во игра. Португалците ги декласираа Швајцарците со 6:1.
Стотици фоторепортери пред клупата на Португалија каде остана Роналдо.
Него во сенка го фрли младиот центарфор Гонсало Рамош кој блесна со хет-трик против Швајцарија и беше прогласен за играч на мечот.
1/4 финале. Бразил - Хрватска. Жестоки дуели. Еден од таквите беше меѓу Борна Соса и нововлезениот од клупа Антони. Идеално фото за илустрација колку Хрватите се изборија да го задржат силниот Бразил.
Нејмар конечно го скрши отпорот со гол во финишот.
На крајот победа на пенали однесоа Хрватите благодарение на голманот Ливаковиќ. Претходно Бруно Петковиќ постигна гол за израмнување.
Нејмар не можеше да ги додржи солзите поради елиминацијата.
1/4 финале. Холандија - Аргентина. Најжестокиот дуел на цело Светско. Изобилуваше со фаули, груби прекршоци, прекини на игра. При еден таков прекин Паредес и Ван Дајк влегоа во судир.
Аргентина водеше убедливо со 2-0 до самиот финиш, а Холандија буквално во последните минути сензационално израмни и го однесе мечот во продолженија и пенали.
На пенали одлично бранеше аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, па при прослава Аргентинците буквално им се плезеа на Холанѓаните.
После овој меч по силен дожд во Буенос Аирес навивачи на Аргентина излегле да прослават триумф и пласман во полуфинале.
1/4 финале. Мароко - Португалија. Кристијано Роналдо и соиграчите не можеа да се справат со Мароко кој победи 1:0 и направи втора голема сензација.
Мароканците не веруваа што направиле и до каде стигнале.
Софијан Буфал на терен славеше со мајка му
Главен творец на сензацијата беше селекторот Валид Реграги кого го кренаа на раце
1/4 финале. Англија - Франција. Џуд Белингем збунет од судиска одлука.
Франција водеше 2-1 кога Хари Кејн доби шанса во самиот финиш од мечот од пенал да израмни и да го однесе дуелот во продолженија. Ѕвездата на Тотнем и капитен на Англија го промаши голот и испаднаа.
Мбапе се радуваше по промашениот пенал на Кејн
1/2 финале. Аргентина - Хрватска. Фотограф уловил дете кое плаче зошто од преголем метеж не може да гледа што се случува на терен.
Аргентина славеше убедливо со 3:0 а играч на мечот беше центарфорот Хулиан Алварез со два гола.
Хрватите беа немоќни пред силниот ривал
1/2 финале. Франција - Мароко. Мароканците по Шпанија и Португалија, цврсто беа решени да му земат скалп на уште еден голем фаворит. На самиот старт од мечот левиот бек на Милан Тео Ерандез постигна брз гол за водство.
Мароканците се трудеа да се вратат, имаа игра и шанси но не израмнија пред повеќе од 45.000 свои навивачи кои допатуваа во Катар.
На другата страна Коло Муани кој влезе од клупата ги постави конечните 2-0, победа за влез во големото финале, второ по ред за светскиот шампион.
Меч за 3. место. Хрватска - Мароко. Хрватите одново направија огромен успех и ја освоија и третата медала од едно Светско првенство. Втора бронза, по среброто 2018-та во Русија. Го победија Мароко со 2-1.
Капитенот Модриќ со татко му Стипе.
Финале. Мегдан кој влезе во вечноста. Најлудо финале во историјата на Светските првенства. Меси и Килијан Мбапе, двајцата соиграчи од ПСЖ. Двајцата блеснаа во финалето, едниот со два гола, другиот со хет-трик.
Првиот пенал на мечот го изведе Лео. Го совлада Лорис за 1-0.
Мбапе беше неверојатен на другата страна.
Во пенал драмата, Емилијано Мартинез му одбрани пенал на Кингсли Коман и тука Аргентина доби крилја.
Во цела Аргентина фудбалот е на ниво на религија. Низ голема драма поминаа милиони Аргентинци.
Килијан Мбапе со 24 години веќе има една светска шампионска титула. Ова беше второ финале на Мундијал за него и малку фалеше да освои уште едно злато.
Французите беа депримирани што среќата не тргна на нивна страна
Голема дамка на финалето стави и аргентинскиот голман Еми Мартинез кој со признанието за најдобар голман на Светското непристојно гестикулираше и изнервира милиони гледачи ширум светот. Мартинез се глупираше пред, за време и по Светското првенство за што наиде на осуда од многу страни.
Лео Меси конечно му пријде на она што со децении го сонуваше. Пехарот за светски шампион. Сосема заслужено во негови раце.
Долго траеше прославата на „гаучосите“ и во Катар и во татковината.
East News/AP Photo/Martin Meissner