Гбамин е фудбалер кој игра во одбраната и како последен играч за врска. Изминатава сезона запишал 24 настапи за Трабзонспор (19 во првенство, 4 во Лига Европа и 1 во турскиот куп) чиј член е и македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Во моментов според реномираниот германски сајт трансфермаркт, цената на Гбамин е 4,8 милиони евра а Евертон за него во летото 2019-та на Мајнц му платил 25 милиони евра!
Како што не бил во форма и не ги задоволил луѓето од Ливерпул, Гбамин бил пратен на позајмица во ЦСКА Москва а потоа во Трабзонспор.
Сега по враќањето во Англија на својот Фејсбук профил огласил дека продава опрема од Евертон и дресови кои ги носел на натпреварите. Некои навивачи во шега коментирале како е можно да продава носени дресови кога скоро никогаш не заиграл за „карамелите“.
Интересно, тој вели дека опремата од Евертон ја продава за 300 фунти, што е ниска сума во однос на тоа колку целокупната таа опрема чини во официјалната клупска продавница на премиерлигашот.
Gbamin selling all his gear on Facebook hahahah pic.twitter.com/CO7JvAlbLj
— Saundy (@saundy00) June 17, 2023
Can’t be Gbamin, it says match worn!
— Forever Everton // Rob (@F0reverEvert0n) June 17, 2023