Пред да преминете на бројките кои се многу и кои веројатно ќе ви внесат конфузија, која табела што значи, само кусо објаснување и ќе сфатите што бара наш славен човек во оваа славна банда.
Франческо Тоти е фудбалер со најголема ефикасност во италијанското првенство во 21 век, кој учествувал во 328 голови. Од нив 207 му се погодоци и 121 асистенција на 444 натпревари.
Зад легендата на Рома се наоѓа Ди Натале со 281 или 209 голови и 72 асистенции на 445 настапи. На трето, четврто и петто место се тројца напаѓачи кои сè уште се активни.
Македонската фудбалска икона според овие два главни параметри по кои се мери ефикасноста е на 18-та позиција, пред Дибала.
Пандев е директен учесник на 150 погодоци во Серија А, односно 101 гол и 49 асистенции. Му фалат само 9 меча за да стигне до голем јубилеј од 500 настапи во италијанската прволигашка конкуренција.
Од 31 јануари 2022-ра, Пандев е член на второлигашот Парма каде замина после шест и пол сезони во Џенова и сè уште нема донесено одлука дали ќе продолжи со играње фудбал.