Огромна фешта за титулата, крца плоштадот во Мадрид

„Шампиони на Европа. Ова е само почеток“, гласи пораката на отворениот автобус со кој парадираше четирикратниот европски првак.

Шампионите се вратија дома каде се разбира беа пречекани шампионски. Славјето беше закажано на плоштадот Сибелес, каде обично и Реал Мадрид ги слави трофеите.

Задачата за претставување на играчите ја доби капитенот Алваро Мората кој најголемо шоу направи кога ги повика Карвахал, Фабијан Руиз и Родри.

Цел државен врв ги прими фудбалерите како кралот Фелипе и кралицата Софија, како и премиерот Педро Санчез.

Шпанија го освои Европското првенство доминантно со 7 од 7, рекордни 15 гола и по четврти пат во историјата, нешто што не и успеало на друга земја.

16 јули 2024 - 07:50