Голем судиски скандал во Турција, судијка суспендирана поради секс со надлежен

Во турскиот фудбал, на 24-годишна фудбалска судијка и 61-годишен надлежен судиски комесар Орхан Ердемир им се одземени лиценците поради кршење на правилникот. Оваа казна ја изрекол Дисциплинскиот совет на аматерскиот фудбал при Фудбалската федерација на Турција. Причина? Излегло видео на кое тие двајца имале однос.

Истанбулската покрајинска судијка Елиф Карарслан е суспендирана во согласност со членот 40/1 и 40/2 од правилникот на Централната судиска комисија.

Таа во своја одбрана соопштила дека воопшто не е девојката на видеото и дека никогаш не го користела налогот од каде што видеото било објавено.

Арбитражниот одбор кој ја донел одлуката се состои од 7 члена кои при соопштување на одлуката изјавиле дека „идентификувале важни критични детали на екплицитната снимка која што ја изгледале“.

Карарслан на времето играла фудбал. Подоцна веќе неколку сезони работела како линијски судија во аматерскиот фудбал во Истанбул. Таа е и позната од друштвената мрежа Инстаграм каде има преку 363.000 следбеници. На својот профил има атрактивни фотографии.

61-годишниот надлежен комесар за делегирање судии пак, во своја одбрана рекол дека „романтичните врски меѓу вработените во судиската комисија не се забранети според правилникот за работа“, и притоа додал дека со ова ненадоместливо му е нанесена душевна болка и претрпел материјална штета. Тој побарал да биде вратен на своето работно место.

Судијата на времето судел дерби натпревари во турската Супер лига и долги години имал значка на ФИФА. Тој во одбрана рекол дека видеото било споделувано против негова волја и без негова дозвола.

 

7 октомври 2024 - 09:57