Облак го спречи Миовски да се прослави на дебито за Жирона
Македонскиот репрезентативен центарфор Бојан Миовски синоќа дебитираше за новиот клуб Жирона кој лани беше најголемо изненадување во Европа, долго време беше прв на табела и на крај обезбеди пласман во Лига на шампиони. Жирона синоќа му гостуваше на силниот Атлетико Мадрид и загуби 3:0. Бојан Миовски влезе во 59’ минута место шпицот Абел Руиз и после само десетина минути имаше голема шанса за гол но Јан Облак му одбрани.