Ново тегнење во НБА, малку фалеше за големата

Откако Никола Јокиќ и Маркиф Морис направија голема гужва на мечот Мајами - Денвер, синоќа во НБА изби нов инцидент. Се фатија Руди Гобер од Јута Џез и Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс. Соиграчите беа на другиот крај од паркетот па не испратија што се случи, ама веднаш влетаа да ги раздвојат. Во гужвата се вклучија уште и Донован Мичел и Џо Инглс па на крајот исклучени беа сите четворица.

Индијана победи 111:100 благодарение на Брогдон кој уфрли 30 поени со 9 скока и Меконел со 21 поен и 8 скока.

12 ноември 2021 - 09:50