Нови 2 гола на Кристијано Роналдо во азиската Лига на шампиони

Фудбалерите на Ал Насср славеа убедливо со 1-3 на гости во Катар кај Ал Гарафа во натпревар од 4. коло на Западната регија од азиската Лига на шампиони. Кристијано Роналдо беше играч на мечот со два комада во 46-та и 64-та минута а гол за неговиот тим даде и Анжело во 58-ма минута.

Единствениот погодок за домаќинот го дал доскорешниот центарфор на Реал Мадрид Хоселу во 73' минута. Ал Наср во моментов е втор на табела со 13 бодови, два помалку од лидерот Ал Ахли.

0-1:

0-3:

Во осминафинале на азиската ЛШ ќе одат првите 8 клуба од Западната и Источната регија. На истокот прв е јапонски Висел Кобе со 10 бода. Интересно, прв стрелец во досегашниот тек на азиската Лига на шампиони е некогашното дете на Вардар, Јасир Асани кој настапува за Гвангжу во Јужна Кореја.

26 ноември 2024 - 09:39