Нов Гинисов рекорд - човек собрал повеќе од 1.000 дреса од ист клуб

Шеесетгодишен Швајцарец по име Флоријан Тирлер официјално влегол во светската Гинисова книга на рекорди како сопственик на најголем број дресови од еден единствен клуб.

На 31-ви август 2025-та година, точно на неговиот јубилеен 60-ти роденден Тирлер гордо ги наредил своите 1.047 дресови од Ливерпул на еден терен во швајцарското село Маглинген.

Неговата љубов кон Ливерпул трае веќе пет децении, тој повеќе од 50 години е голем љубител на црвените од Енфилд.

Швајцарски 20 Minuten пишува дека Тирлер на времето играл центарфор во Јанг Бојц и некаде во '50-те години од минатиот век почнал да собира дресови од Ливерпул.

 

„За секој колектор, секој дрес е посебна приказна, од првите европски трофеи во еврокуповите во '70-те па сè до сегашните изданија од Мохамед Салах“, вели Тирлер и додава: „Кога поддржуваш клуб како овој, тоа е доживотно“.

Импресивната колекција ја истакнал на фудбалско игралиште во неговото родно место и веднаш ги заинтересирал локалните медиуми и фудбалските навивачи ширум светот.

3 септември 2025 - 11:57