
Во негов стил со леснотија:
Верувале или не, Салах има точно 250 настапи и 250 гола и асистенции вкупно во Премиер лига:
Египќанецот е првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал гол или асистирал на повеќе од 10 натпревари по ред и тоа три пати во неговата кариера.
Во 2021-ва година тој од август до декември даваше гол или асистираше на 15 натпревари по ред. Подоцна во 2023-та година од април до септември на 12 дуели по ред во Премиер лига имаше гол или асистенција, а сега во 2024-та Салах од октомври до сега има прославено погодок или асистирал за погодок на 10 натпревари по ред.
Ливерпул е прв на табела во Премиер лига со 42 бода и меч помалку од Челси кој е втор и има 35 бода. Трет е Нотингем Форест со 34 бода а Арсенал е четврти со 33 освоени бода.
Најзаслужен за неверојатната сезона на Ливерпул е токму Салах кој во моментов само во Премиер лига има 16 гола и 11 асистенции на 17 натпревари. Ливерпул е апсолутен лидер и во силната Лига на шампиони каде има 6/6 победи и 18 бода.