Луд натпревар од четвртфинале на Карабао Куп одиграа Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Паднаа дури 7 гола, домаќините славеа 4-3 и одат во следна рунда. Резервните голмани и на двата тима, Фрејзер Фостер и Алтај Бајиндир добија шанса да бранат и не се покажаа во најдобро светло. Директно беа виновни за два гола а едниот имаше и смешна епизода со одбрана со нога.