Непознати факти за славеникот Рајан Гигс

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Премиер лигата, Рајан Гигс денес полни 43 години. За него генерално се знае речиси сè, освен неколку факти.

- Рајан Гигс е еден од ретките кои одлично ја завршил академијата на Манчестер Сити. Фотографијава датира од Школските игри во Манчестер во 1987. година.

- Гигс е првиот играч којшто ја вовел јогата во тренинг програмот. Се занимавал и со балет за да ја подобри формата.

- Велшанецот на почетокот на кариерата го постигнал најбрзиот гол во клупската историја на Манчестер Јунајтед. На 18. ноември 1995. година против Саутемптон дал гол по само 16 секунди од почетокот на мечот.

- Рајан Гигс одигра 632 меча во англиската Премиер лига со што е убедливо прв на оваа листа.

- Велшанецот е најтрофејниот фудбалер во историјата на англискиот фудбал. Гигс има освоено 34 трофеи како играч.

- Звучи неверојатно, но вистиното. Рајан Гигс не добил ниту еден црвен картон додека играл за Манчестер Јунајтед. Единствениот црвен картон во кариерата го добил на мечот од квалификациите за СП 2002, меѓу репрезентациите на Велс и Норвешка во 2001. година.

Судијата Фриц Штухлик од Австрија му дава црвен картон на Гигс, на мечот Норвешка - Велс во Осло.

- Зинедин Зидан за Гигс во една прилика изјави: “Ако Гигс беше Французин, јас или Пирес ќе седевме на клупата сигурно“.

- Гигс е автор на еден од најубавите голови за Манчестер Јунајтед против Арсенал: