На 24. април 1996 година на мечот против Естонија, Арнор Гудјонсен излегол од игра, а на негово место влегол син му Ејдур. Тоа е првиот случај во историјата на фудбалот кога татко и син настапиле на еден ист меѓународен натпревар.
Исландските полицајци не носат оружје, така што во оваа земја не е забележан случај на полициска бруталност.
Мечот од Европското првенство меѓу Унгарија и Исланд на телевизија го гледале 98% од населението на земјата. Историскиот триумф против Англија го гледале дури 99,8% од населението. Само 680 луѓе не го гледале тој дуел.
Исланд има повеќе вулкани отколку професионални фудбалери.
На Исланд нема ресторани на МекДоналдс. Последниот е затворен во 2008. година поради финансиската криза.
Кога се зборува за модерната архитектура, таму се истакнува Harpa, концертната сала која што ја проектирал славниот дански архитект Хенинг Ларсен.
Најпозната ѕвезда на Инстаграм од Исланд е пеачката Бјорк која што ја следат 407.000 луѓе од кои 82.000 се Исланѓани.
До 1989. година пивото во Исланд бил забранет пијалак.
Од 2010. година на Исланд се забранети стриптиз клубовите.
Исланд нема постојана армија. На листата најмирољубиви земји во светот според Форбс, прв е Исланд.
Во панорамата на главниот град Рејкавик прво во очи паѓа импозантната црква Hallgrimskirkja која што е завршена пред неполни три децении. Таа е најголемата религиозна градба и главна атракција на овој остров. Ако се качите до нејзиниот врв може да го гледате целиот Рејкавик.
Главниот град на Исланд има и еден многу необичен музеј. Phallological museum се наоѓа во центарот на Рејкавик и е посветен на фалусот. Во него се изложени полните органи на разни цицачи од глувци до китови, а посебно место заземаат репликите на пенисите на сите ракометари на Исланд коишто го освоија олимпиското сребро во Пекинг.
Во Рејкјавик се наоѓа и куќата Hofdi, позната како место каде се сретнале Реган и Горбачов, настан кој бил пресврт во односите меѓу САД и СССР.
Во Исланд е погребан и легендарниот шахист Боби Фишер кој својот живот полн со контроверзи и претерувања го завршил на овој остров. Доколку некогаш имате прилика да одите на Исланд, ќе ви треба многу трпение и добар GPS уред за да го најдете гробното место на Фишер во скромната црква во селото Laugardlir, 60 км југоисточно од Рејкавик.
Во оваа земја не се забележани комарци.
Според Меѓународниот хидрометеоролошки завод, просечната температура во Исланд во зимскиот период не оди под -4 степени Целзиусови.
Таму ниту еден клуб не би можел да се вика Локомотива, затоа што не се користат железнички пруги.
Во најдобрата, прва исландска фудбалска лига сезоната е кратка и трае од мај до септември.
Во Исланд има 30 фудбалски стадиони, а само 7 од нив се покриени. Имаат и 150 мали фудбалски игралишта.
Ниту еден од 73-те клубови кои настапуваат во пет лиги не се сметаат за професионални. Од друга страна, во Исланд има 850 тренери со лиценца од УЕФА.
Хеимир Халдгримсон, помошниот тренер на репрезентацијата на Исланд работи како стоматолог.
Ханес Халдерсон, голманот на Исланд пред 2 години започнал професионално да се занимава со режија. Тој го снимал спотот за Исланд за Евровизија 2012 во Баку, Азербејџан. Приказната за него тука.
Гудмундур Бенедиктсон, најлудиот коментатор на Европското пред само два дена беше помошен тренер на Рејкавик. Неговиот прадедо бил првиот професионален фудбалер во Исланд и играл за Милан и Арсенал. Подоцна станал министер за финансии на Исланд. Приказната за коментаторот Гудмунудур тука.
Капитенот и лидерот на репрезентацијата на Исланд, Арон Гунарсон со фудбал почнал да се занимава на 15 години. Претходно бил перспективен ракометар кој станал најмладиот играч во првата ракометна лига на Исланд. Приказната за него тука.
Ракометот беше спорт број 1 во Исланд. До понеделникот.
Исланд е една од ретките земји каде што се прикажувала серијата „Бољи живот“.