Дека Нејмар има добро срце и секогаш помага во добротворни цели беше познато, но ретко кој очекуваше така лесно да му прости на Колумбиецот Ѕунига, кој го повреди за време на дуелот Бразил – Колумбија на СП по кој Нејмар не играше во финалето.
Играчот на Барселона сними видео во кое се потура со студена вода од кофа полна со мраз врз главата. Со тоа, Нејмар се приклучи во акцијата Ајс бакет, во која познати лица си истураат студена вода и изговараат тројца други кои треба да го сторат истото.
И покрај тоа што акцијата предвидува оној кој нема да се потури со вода, да донира средства, досега сите учесници во акцијата дале свој придонесе во борбата против Лу Геринг болеста.
Одбранбениот играч на Наполи, Камило Ѕунига со задоволство го прифатил предизвикот а ги номинираше соиграчите од репрезентацијата Хамес Родригез, Хуан Куадрадо, и Армеро.
Ајс бакет предизвикот веќе извесно време е популарен во САД, а човекот кој го смислил целиот проект е бејзбол играчот Пит Фрејтс, кој и самиот боледува од латерална склероза.
Фрејтс е поранешен капитен на бејзбол тимот Бостон Колеџ, а долго време настапувал и низ Европа. Склерозата му била дијагностицирана во март 2012. година кога имал 27 години.
Во акцијата учествуваат многу спортски ѕвезди како Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, Дарен Флечер, Џузепе Роси, Марсело и познати јавни личности како Марк Ѕукерберг и Бил Гејтс.