На 18 мај во Будимпешта женскиот тим на Барселона за првпат ќе игра во финале на женска Лига на шампиони. Во меѓувреме машкиот тим на Барселона го очекува реванш со Ливерпул каде ќе брани високи 3 гола предност.
Интересно, се уште не се случило во една сезона во финале за трофеј во еврокуп да играат мажи и жени од ист клуб. Во случај женската „блауграна“ да го победи женскиот тим на Лион во финалето во Будимпешта, а Меси и другарите да го донесат шестиот трофеј од ЛШ во музејот на „Камп Ноу“, ќе станеме сведоци на историски настан во фудбалот.
Претходно во финале на европски турнири (и машки и женски) играл Арсенал но во разни години. Во 2006 година мажите загубија во финалето на ЛШ од Барселона во Париз, а неколку години подоцна „топџиките“ славеа во Купот на Уефа за жени.
До 26 април Барселона имаше шанса да ги комплетира сите четири европски трофеи, но нивните тимови изгубиле во полуфинале на Младинската ЛШ на УЕФА и Футсал УЕФА Лига на шампиони.
Во 2014 година Барселона ги освоила овие два трофеи и тоа е единствен случај кога еден клуб победил во европската арена во две различни дисциплини.
Додека целата планета уште зборува за чудата на Меси и Барселона кои се на прагот од ново епско финале во ЛШ, за највредниот пехар во Европа ќе се бори и женскиот тим на Барса за кој со успех игра Македонката Наташа Андонова.
Во случај женскиот состав да го совлада Лион, Барселона ќе стане првиот клуб во историјата кој ги освоил сите шест разни турнири на УЕФА. Пет трофеи има Челси чиј женски состав на два пати ја победил Барселона во 1/2 финале.
Неодамна Порто ја освои младинската Лига на шампиони а Спортинг Лисабон футсал Лигата на шампиони.
Дополнителен стимул за Каталонките пред финалето во Будимпешта е тоа што во случај и тие и машките колеги да ја освојат Лига на шампиони, ќе го надминат Реал Мадрид по бројот на освоени трофеи во турнирите на УЕФА во сите категории (18).
Нашата Наташа Андонова е родена на 4 декември 1993 година во Неготино.
Првите фудбалски чекори ги направила во локалниот женски клуб Тиквешанка, подоцна оди во Борец Велес а меѓународната грандиозна кариера ја започна во 2011 година кога заигра за германски Турбине Потсдам. Беше и во ПСЖ а сега е во Барселона.
Приказната за нејзиниот фудбалски пат прочитајте ја тука.