„Златан не оди на проби“ – Кога на 17 години играше за Малме требаше да замине во Арсенал, но Венгер бараше прво да го види на проба.
„Јас сум Златан, а вие кои сте по ѓаволите?“, одговор кога побараа од него да им се претстави на новите колеги во Ајакс.
„Тоа што Џон Карју може да го прави со топка, јас можам со портокал“, коментар за играта на норвешкиот напаѓач.
„Не се учи на тренинг магија како таа“, коментар за неговите ножички на пријателскиот меч против Англија.
„Кој ќе победи на Светското клупско првенство“?. Ибра: „Само Господ знае“. Новинарот: „Тешко е да се бара тоа од него“. Ибра: „Господ стои пред тебе“.
„На почеток одев на лево, тој по мене, па на десно, тој пак по мене. Потоа пак му избегав по лева страна, а тој замина да си купи хот дог“, опис на дриблингот со играчот на Ливерпул, Стефан Хенчоз.
„Можам да играм на 11 позиции и секој добар играч може да го прави тоа“.
„Ако ме земеш мене, купуваш Ферари. Ако возиш Ферари треба да го ставиш најдобриот бензин, потоа одиш на автопат и даваш гас. Гвардиола во Ферарито ставил дизел и го користел за во село. Требал да купи Фиат“
„Ништо, веќе го има Златан“, е неговиот одговор кога новинар го прашува што ќе и подари на сопругата.
„Вистина е дека не знам многу за фудбалерите во ова првенство, но сигурен сум дека тие знаат многу за мене“, за трансферот во ПСЖ во 2012-та
„Со семејството бараме да купиме стан во Париз, ако не најдеме ништо ќе купиме хотел“
„Ако тренирав таеквондо веројатно ќе освоев повеќе олимписки медали“, вели Ибра кои користи акробатски потези на терен бидејќи како мал тренирал боречки спортови.
„Ме боли кур кој ќе победи, јас одам на одмор“, одговор на новинар на прашањето кој ќе го освои ЕП 2012.
„Светско првенство без мене е Светско на кое нема ништо за гледање, што значи не вреди да се чека“, гласеше неговата изјава кога Шведска не се квалификуваше на СП 2014.
„Јас како виното, колку сум постар станувам подобар“
„Имате шведски или балкански стил“? Ибра: Ниту еден од тие два, туку стилот Златан.
„Немам потреба од прекар, ако сакаш да те импресионирам гледај ме како играм“, е неговиот одговор кога го споредуваа со Фалкао познат како „Ел Тигре“
„Дали купив порше? Не, туку авион, побрз е“.