Најжестокото англиско дерби го доби Сандерленд со луд автогол

Во Премиер лига има неколку големи дерби средби. Најпознато секако е Ливерпул - Манчестер Јунајтед чиј ривалитет и омраза датираат уште од пред некој век кога работничките класи од двата града имале меѓусебен анимозитет. Но по степен на жестина, Њукасл и Сандерленд го имаат дербито бр1. Посебно што ретко се среќаваат едни со други зошто обично едните се во прва а другите во втора лига или обратно.

Сандерленд во неделата го пречека Њукасл и го победи 1-0 со автоголот на германскиот центарфор Ник Волтемаде на сам старт на вториот дел. И ова Тајн-Вер дерби, прво во Премиер лига уште од далечната 2016-та мина тензично со многу прекршоци, прекини и нервоза.

Ова е дури 10-ти лигашки натпревар по ред Сандерленд да нема пораз од лутиот ривал (7 победи и 3 нерешени).

Уште пред натпреварот домашните навивачи ги „пречекале“ гостинските кои не останале мирни:

Интересно, кога Њукасл пред две години го совлада најомразениот ривал Сандерленд 3-0 во 4. рунда од ФА Купот, тогаш црно-белите се сликаа групно пред своите навивачи. Сега „црните мачки“ го повторија тоа, очигледно намерно.

„Не може да го опишете чувството. Многу беше болно (кога изгубија од Њукасл во 2024, 3:0) за нас играчите и за навивачите така што чувствувавме дека мора да ги добиеме и сега сме презадоволни со победата“, вели единствениот фудбалер во тимот на Сандерленд кој ги почна и тој натпревар пред две години и тој сега.

Нововлезениот во Премиер лига Сандерленд игра сјајна сезона и после 16 кола освои 26 поени што е израмнување на нивниот рекорд после толку кола по старт на сезона уште од 2000/2001 кога завршија седми.

На „Стадионот на светлоста“ црвено-белите играат одлични и сега легитимно сонуваат историски настап во еврокупови следната сезона доколку ја задржат актуелната форма.

15 декември 2025 - 10:30