Најверна фудбалска приказна на летото

Бразилецот Антони на времето вредеше преку 100 милиони евра колку што Манчестер Јунајтед му плати на Ајакс. Дриблерот не се снајде воопшто на „Олд Трафорд“ и замина на позајмица во Бетис а таму блесна и го одведе овој клуб до финале на европска Конференциска Лига каде изгубија од Челси. Позајмицата му заврши и тој се врати тажен во Манчестер. Бетис буквално собирал пари и се пребројувал за да го откупи од Јунајтед и на крај успеал.

Антони на аеродромот во Севиља бил пречекан од стотина навивачи на Бетис а после на повторно претставување, низ солзи рекол дека само семејството знаело колку му било тешко што морал да се враќа во Манчестер.

Откри и нешто неверојатно:

„Само ден пред да договорам речиси сè со Бетис (95% договорено), ми се јавија од Баерн Минхен со понуда од 7,5 милиони евра годишна плата (далеку повеќе од она што ќе го заработува во Бетис), но јас им се заблагодарив и со сета должна почит ги одбив. Веќе дадов збор на Бетис и сакав да го одржам“, рекол Антони кој во светот на фудбалската индустрија која стана прав бизнис, е редок пример за верност.

 

3 септември 2025 - 08:18