
Швајцарската фудбалска опсерваторија CIES објави листа со 100 најскапи фудбалери во светот. На врвот е Нејмар со 246,8 милиони евра, втор е Меси со 170,5, а во топ 5 се уште и Погба (155,3), Гризман (150,4) и Суарез (145,2).
Оваа институција има развиено уникатен пристап за да може на научна основа да ја пресмета вредноста на професионалните фудбалери и тоа го прави од 2012 година.
Со статистичкиот модел се пресметуваат повеќе варијабли врз перформансите на играчите (минути, голови итн.), карактеристики (возраст, договор итн), како и податоци за клубовите каде што играат и потенцијалните нивни трансфери.
Најскапите 10 фудбалери во светот изнесуваат, секој над 100 милиони евра и нивната вкупна вредност изнесува 1,5 милијарди евра. 42-ца од најскапите 100 се од Премиер лигата.
Најскап играч меѓу голманите е Јан Облак (59,8 милиони евра), најскап централен бек е Рафаел Варане (64 м.), страничен бек Хектор Белерин (70,3 м.), од среден ред Погба (155,3 м.), најскап офанзивен играч од среден ред е Деле Али (110,5 м.), а најскап напаѓач е Нејмар.