Најпознатиот холандски фудбалер со велосипед дојде да игра за својот тим

Откако се врати од пензија, легендарниот Арјен Робен дебитираше по втор пат во својот живот за својот роден клуб Гронинген во првото коло, но се повреди и поради тоа пропушти 3 средби во холандска Ередивизија. Во неделата попладне со точак си дошол за мечот со Утрехт каде влезе во игра во 74’ минута.

Викаме најпознат затоа што во холандското првенство во моментов нема попопзнат играч од него на светско ниво. Арјен Робен во кариерата играше за ПСВ, Челси, Реал Мадрид, Баерн Минхен и репрезентацијата на Холандија. Освојуваше титули секаде, освојуваше купови секаде. Во 2010-та стана светски вицешампион со Холандија. Повеќе пати е прогласуван за играч на сезоната во неколку лиги. 

19 октомври 2020 - 13:42