Забавата со фудбалот во Англија не почнува кога судијата ќе означи почеток, а ниту во пабовите со навивачите. Таму е привилегија и на прес да одиш за разлика од кај нас каде најголемата инвентивност и креативност е онаа фамозна изјава „Они се појаки, ама ние ќе ја играме нашата игра и ќе го дадеме максимумот“.
Ништо посебно не треба да направи човек за да ја зголеми посетеноста и да ги направи попривлечни прес конференциите за следење, туку само треба малку да се опушти и да се фрли на забава.
Барем така е во Манчестер Јунајтед. Ако претходно имаа намќор кој знаеше да се пошегува, ама и да биде дрзок и арогантен, сега имаат позитивен бејби фејс тренер на кој во вакви гестови сигурно со поголем мерак ќе му одат на прес.
Оле Гунар Солскјер го забележал новинарот на Гардијан, Џејми Џексон по начинот на кој секогаш ги носи своите нови наочари на прес конференциите, па решил да му купи нови.
Ова се разбира не е мито за овој сега да пишува секогаш убаво за него и да не смее да го критикува, туку само убав гест на стратегот на Јунајтед за добрата соработка со новинарите.
When the manager of this world’s biggest club teases you for wearing shades (prescription of course!) to his pressers by presenting you with a pair of sunglasses (obviously returned as no gifts accepted!!!) - fair play to OGS: who DOESNAE ADORE a sense of humour😎😎😎🌴🌴🌴🕺🏽🕺🏽🕺🏽 pic.twitter.com/sU7LILTU9Y
— jamie jackson (@JamieJackson___) February 26, 2019
Инаку со вчерашниот триумф над Кристал Палас 1:3, Солскјер стана сруши нов рекорд недостижен и за Фергусон. Стана прв во историјата на клубот со 8 гостински победи по ред. Инаку на кормилото на Јунајтед е веќе 11 меча без пораз.
И уште ова
Flying high with Ole at the wheel 🚗 pic.twitter.com/4JwizXj8cz
— B/R Football (@brfootball) February 27, 2019