Фенербахче и Манчестер јунајтед одиграа 1:1 во Истанбул, резултат од од кој англискиот тим никако не може да биде задоволен бидејќи во првите 3 кола има 3 нерешени.
Резултатот го отвори Кристијан Ериксен во 15-та минута, а израмни Јусеф Ен Несири во 49-тата минута од мечот. Фенербахче има една победи и две решени.
Жозе Мурињо доби црвен картон на почетокот на второто полувреме и од таму почна шоуто. Прво со реакциите на терен, а потоа и со интервјуто во кое иронично во негов стил зборуваше за судијата Клемен Турпин.
„Ми кажа нешто неверојатно. Тој ми рече во исто време може да ја гледа акцијата во шеснаесетник и моето однесување на аут линија. Му честитам затоа што неговата визија е апсолутно неверојатна. За време на натпреварот, 100 милји на час, тој со едното око ја гледаше ситуацијата за пеналот, а со другото око моето однесување. Тоа е објаснувањето што ми го даде. Затоа е еден од најдобрите судии во светот“.
Освоивте бод против Манчестер Јунајтед?
„Не, тие освоија против нас, а не ние против нив. Игравме неверојатно и им кажав на играчите дека ако играте вака на секој натпревар во првенство, ќе ги уништиме сите. Се разбира дека игравме против тим кој е на повисоко ниво од нас. Премиер лигата има повеќе квалитет...има сè повеќе.“