Мурињо пристигна на клупата на Реал Мадрид во 2010-та година како освојувач на Лигата на шампиони со Интер. За овој период тој освои само една титула во првенството и една во купот, а Реал Мадрид го чинеше околу 50 милиони евра.
На нови фудбалери потроши 163,3 милиони евра, а многу од нив (Коентрао, Шахин, Карваљо, Алтинтоп, Адебајор, Есиен...) не ги оправдаа вложените пари.
Згора на се, тој се испокара со многу фудбалери и внесе немир во соблекувалната, па навивачите на Реал Мадрид едвај чекаа Мурињо да си замине.
Во анкета на вебстраната на шпанскиот спортски весник "Marca", од 90.000 гласачи, дури 39,8% од навивачите на Реал Мадрид работата на Мурињо ја оцениле како целосно промашување, а 21,4% ја избрале опцијата „многу лошо".
Просечна оценка му доделиле 12,2%, за „добар" гласале 5,7%, многу добар 8,8%, одличен 6,3%, а 5,8% од гласачите мислат дека тој бил извонреден.
На прашањето за тоа кој е крив за слабите резултати на Реал Мадрид, 73,7% одговориле со Мурињо, 19,7% мислат дека фудбалерите се криви, а 2% од навивачите на Реал за слабите резултатит го обвиниле Флорентино Перез.