Прости му на човекот!

Ова му доаѓа како навивач на Работнички во дрес на МЗТ пред салата во Градски парк да снима видео со кое бара прошка од девојката.

Како да не е доволно понижувањето што навивач на Арсенал облекува дрес на Тотенхем, па уште и пред стадионот Емирати бара прошка од девојка му преку видео за кое цел свет ќе му фаќа сеир.

Што и да згрешил, мора да му прости!

9 мај 2012 - 13:42