Нов скандал со наместен натпревар во Италија. Фудбалската федерација ќе го истражува натпреварот од Купот на Сицилија помеѓу осмолигашите Боргота Теранове и Багерија.
На екипата на Багерија и бил потребен барем еден поен од натпреварот за пласман во следната фаза од групата во која се натпреварувал и тимот на Партиникаудаче, а се до 80-та минута тие губеле со 4:3.
Фудбалерите на Теранове набрзина постигнале уште два нови гола и комедијата започнала при резултат 6:3.
Тројца фудбалери на Багерија за шест минути успеале да постигна осум голови и со конечен резултат 14:3, во следната фаза од оваа група се квалификувал тимот на Теранове заради подобра гол разлика.
На крајот капитенот на противничкиот му рекол на тренерот на Теранове дека тие повеќе сакале во следната фаза да оди нивниот тим отколку екипата на Партиникаудаче, па затоа решиле да си постигнуваат автоголови.