Мбапе се изнасмеа на еден гол на татко му

На еден хуманитарен натпревар во Франција се појавиле многу поранешни ѕвезди меѓу кои и Еден Азар кој штотуку ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Тимот на Азар победил 6:0 (за некое чудо убедливо зошто овие натпревари обично завршуваат нерешено). Хит бил и татко му на Мбапе, Вилфред Мбапе кој постигнал гол на асистенција на Азар.

Килијан Мбапе под видео од голот на татко му искоментирал: „Умрев од смеење“ со многу емоџи насмевки и добил преку 35.000 позитивни реакции.

После Мбапе дури и го споделил видеото и го обележал легендарниот Бразилец Роналдо со натпис: „Еве ја твојата камерунска верзија“.

Од натпреварот кој го гледале повеќе од 10.000 гледачи биле собрани околу 14.900 евра кои ќе одат во хуманитарни цели во фондот Pièces Jaunes кој помага на деца. Играле Матје Дебуши, Робер Пирес, Сидни Гову, Јоан Кабаје, Лудовик Жили, Јенс Леман, Дидие Дешам, Клод Пуел, Лоран Блан, Кристијан Карембе и Даниел ван Бајтен.

20 октомври 2023 - 12:30